КОШАРКА

ДАВИТКОВ ПОВТОРНО НА СЕЛЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ

10 March, 2017 - 16:23

Јорданчо Давитков  е нов селектор на Македонската кошаркарска репрезентација.

 

После 10 години,Јорданчо Давитков се враќа на селекторско место кај кошаркарска репрезентација.53 годишниот Давитков  го менува на селекторско столче Драган Раца и ја прифатил понудата од КФМ.Македонскиот стратег беше лидер на сениорите во периодот од 2001 до 2007 година кога Македонија се врати во А дивизија.Јорданчо Давитков беше тренер кај Работнички,Никол Ферт,Струмица а во последниве сезони со успех предводеше екипи од Блискиот Исток  како и селекцијата на Кувајт.

Веста е прочитана 1087 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.