ДАМЈАНОВСКИ ОБЕЗБЕДИ „А“ НОРМА ЗА ЗОИ 2018 ВО ПЈЕОНГЧАНГ

14 February, 2017 - 19:13

Дарко Дамјановски е првиот македонски спортист што обезбеди „А“ норма за Зимските олимписки игри кои на почетокот од идната година ќе се одржат во јужнокорејскиот зимски центар ПјеонгЧанг.

Најдобриот македонски нордиец ја оствари зацртаната цел на овогодишниот традиционален Мавровски меморијал откако освои 90 фис точки по истрчаната десеткилометарска делница на патеката „Мирна Долина“ освојувајќи го четвртото место на крајот со време од 20 минути и 44, 5 секунди.

По Торино, Ванкувер и Сочи, Дамјановски четвртти пат по ред во својата кариера ќе настапи на ЗОИ.

Веста е прочитана 417 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.