ТЕНИС

ЦИБУЛКОВА И ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА КЕРБЕР ВО МЕЧОТ ЗА ТИТУЛАТА ВО СИНГАПУР

30 October, 2016 - 18:50

Доминика Цибулкова е сензационалната победничка на завршниот турнир на најдобрите осум тенисерки што се одржуваше во Сингапур.

Словакињата во мечот за титулата и одржа лекција на најдобарата тенисерка во светот за 2016 година, Германката Анжелик Кербер со триумф во два сета, препуштајќи и три гејма во првиот и четири во вториот сет за 80 минути игра.

По стартните два пораза, Цибулкова со еден триумф во црвената група влезе во полуфиналето каде ја изненади и Пољакињата Агњешка Радванска. Потоа со голема верба стигна до третиот триумф со кој ја освои најголемата титула во кариерата.

Претходно Цибулкова немаше победа над првиот рекет во светот на пет дуели по ред. Од утре на најновата ВТА ранг листа ќе се искачи за три места и годината ќе ја заврши како петта во светот.

Веста е прочитана 770 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.