ПЛИВАЊЕ

БЛАЖЕВСКИ ОБЕЗБЕДИ Б НОРМА ЗА РИО НА 400 МЕТРИ МЕШАНО

9 August, 2015 - 18:56

Марко Блажевски на трката 400 метри мешано постигна резултат којшто му овозможува настап на ЛОИ 2016 во Рио. Македонскиот пливач оствари резултат 4:25,57 минути и беше за 12 стотинки побрз од границата за Б олимписката норма.

Тој беше четврти во втората квалификациска трка на утринските квалификации или вкупно 33 во конкуренција на 41 пливач. Претходно, Блажевски го освои 33 место и на патеката од 200 метри мешано, но пливаше послабо од Б-нормата за оваа дисциплина.

Веста е прочитана 20 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.