ТЕНИС

АТП: МАРЕЈ НА 1915 БОДОВИ ДО ЃОКОВИЌ

31 October, 2016 - 17:30

Енди Мареј дефинитивно се доближува до 1.место на светската АТП листа.После триумфот во Виена со победа во финалето над Цонга,британескиот тенисер ја намали разликата зад водечкиоот светски рекет Новак Ѓоковиќ на 1915 бодови.Смената на врвот може да се случи веќе на Мастерсот  во Париз ако Мареј го освои турнирот, а  Ѓоковиќ кој ја брани титулата и бодовите,  не стигне до финалето.Зад водечката двојка,трет е Вавринка.Нишикори се проби до 4.позиција на сметка на Раониќ.Во топ десеттете се и Надал,Монфис,Тим,Федерер и Чилиќ. Кај тенисерките,Анжелик Кербер ќе ја заврши годината на 1.место пред Серена Вилијамс. Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и натаму е број  200  на ВТА рангирањето ,но  во конкуренција на двојки има скок од две места и се наоѓа на 137 позиција.

Веста е прочитана 391 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.