АП ГО ИЗБРА ЛЕБРОН ЏЕЈМС ЗА СПОРТИСТ ВО 2016 ГОДИНА

28 December, 2016 - 19:29

Леброн Џејмс e спортист за 2016 година во изборот на Американската новинска агенција Асошиетет прес (АП). Џејмс кој беше најзаслужен за освоената титула во НБА лигата, доби 59 гласа и е убедливо прв во изборот на АП.

На второто место се најде пливачот Мајкл Фелпс со 16 добиени гласа, додека атлетичарот Јусеин Болт е трет со девет гласа.

Во женска конкуренција добитничка на признанието е четирикратната олимписка победничка од Рио, гиннастичарката Симон Бајлс, пред пливачката Кети Ледецки и тенисерката Серена Вилијамс.

Веста е прочитана 561 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.