СКИЈАЊЕ

АЛЕКСИС ПИНТУРО ПОБЕДИ НА ВЕЛЕСЛАЛОМОТ ВО ЗЕЛДЕН

23 October, 2016 - 15:55

Французинот Алексис Пинтуро триумфираше на првата трка  во машка конкуренција од новата сезона во СК на алпското скијање.Велеслаломот во австриски Зелден,Пинтуро го заврши со стил.Тој беше најбрз во двете возења и со предност од 7 десетинки го победи бранителот на титулата Марсел Хиршер.Зад францускиот ас и домашниот натпреварувач,трет на подиумот заврши германецот Феликс Нојројтер.Во Зелден настапи и нашиот  скијач и олимпиец Антонио Ристовски кој го освои 80.место во првата трка и не се квалификуваше за финалето.Вчера на женскиот велеслалом во Зелден  победи Лара Гут од Швајцарија.Светскиот куп продолжува на 12 ноември со слалом во Леви-Финска.

Веста е прочитана 34 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.