Вести Македонија

Регионалните болници се надеваат дека со ребалансот на буџетот ќе ги надоместат загубите

Регионалните болници и ковид центрите во државата го чекаат ребалнсот на буџетот за да ги закрапат финансиските дупки. Пандемијата над две и пол години им остави огромни долгови и се проценува дека за сите болници изнесува над 95 милиони евра. Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека низ регионалниот ковид центар поминале над 3.000 пациенти.

Освен пандемијата, болниците се и на удар на енергетската криза, ако лани штипската болница за 12 месеци платила над 10 милиони денари, годинава сметките за февруари и март беа вкупно 10 милиони денар. Со изборот на новиот добавувач сметката за април е два милиони денари.

Засега модуларната болница останува празна се следи ситуацијата со коронавирусот, по што ќе се знае дали во неа ќе се вселат патологија и онкологија, но и одредени амбуланти. Штипското детско одделение по пат на донација од Лајонс клубот доби нов апарат за поставување на дијагноза за епилепсија кај деца.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе