СЕРИЈА А

РОМА ГО СОВЛАДА КАЉАРИ 3:1

6 April, 2014 - 17:05

Второпласираниот тим во италијанската лига Рома успеа да слави победа на гостувањето кај Каљари во натпревар од 32.коло одигран попладнево. Гостите од Рим го совладаа Каљари со 3:1, а трите головите ги постигна Матија Дестро во 32.минута, 56.минута и 73 минута, додека голот за Каљари од пенал го постигна Маурицио Пиниља во 89.минута.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими за Каљари во игра влезе во 68.минута.

На другите натпревари денеска беа постигнати следниве резултати: Лацио – Сампдорија 2:0, Аталанта – Сасуоло 0:2, Катанија – Торино 1:2 и Фиорентина – Удинезе 2:1.

Вечерва се игра натпреварот Парма – Наполи.

На вчера одиграните натпревари: Интер – Болоња 2:2 и Киево – Верона 0:1.

Колото ќе биде комплетирано со утрешните натпревари: Јувентус – Ливорно и Џенова – Милан.

Табела: Јувентус 81 бод, Рома 76, Наполи 64, Фиорентина 55, Интер 50, Лацио 48

Веста е прочитана 45 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.