СКИЈАЊЕ

ШИФРИН ГО ОСВОИ ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ВО СЛАЛОМ

15 February, 2015 - 11:12

Шифрин предноста од првата трка ја загуби на половина од втората, но извози фуриозно во финишот за голема радост на домашните навивачи.

Американската скијачка, која е и актуелна олимписка шампионка, ја одбрани титулата освоена пред две години во Шладминг.

Таа победи со вкупно време 1:38.48 минути.

Второто место и сребрениот медал и припадна на Швеѓанката Фрида Хансдотер со време 1:38.82.

На третата позиција се пласира чешката скијачка Шарка Страхова со вкупно време 1:39.25 минути.

Денеска на СП се вози последната дисциплина - машкиот слалом

Веста е прочитана 64 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.