СКИ СКОКОВИ

СВЕТСКИ РЕКОРД НА ПРЕВЦ

14 February, 2015 - 18:46

Словенецот Петер Превц постави нов светски рекорд во скијачки скокови, откако денеска на скокалницата во норвешки Викерсунд, успеа да прелета 250 метри и го урна досегашниот рекорд на Норвежанецот Јохан Ремен Евенсен, кој пред четири години стигна до 246,5 метри.

Секако Превц беше победник на денешниот натпревар од Светскиот куп. Првиот скок му беше со должина 237,5 метри, за вкупни 438,8 бодови.

Второто место го освои домашниот натпреварувач Андрес Фанемел со скокови од 236 и 238,5 метри и вкупно 424,3 бодови.

На победничкиот подиум место имаше и за Јапонецот Нориаки Касаи кој собра 395,5 бодови со скокови од 218,5 и 225 метри.

Во Светскиот куп лидер е Превц со 1250 бодови, пред Штефан Крафт (Австрија) со 1208, а трет е Северин Фројд, кој има 1603 бода

Веста е прочитана 47 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.