СКИЈАЊЕ

КОЕНГ ГИ ИЗНЕНАДИ ФАВОРИТИТЕ

7 February, 2015 - 23:02

Патрик Кoенг беше најбрз на спустот во Бивер Крик на Светското првенство во алпско скијање и со златниот медал го оствари својот најголем успех во кариерата. Коенг ги изненади фаворитите бидејќи сезонава нема ниту еден победнички пиедестал во оваа дисциплина во Светскиот куп. Швајцарецот беше подобар од Американецот Тревис Генонг кој стигна до среброто на задоволство на домашните фанови, додека на третата позиција од победничкиот пиедестал се искачи уште еден Швајцарец Беат Фојц. 

Главниот фаворит за златото, Кјетил Јансруд, го освои само 15 место, додека победникот на последното СП, Аксел Лунд Свиндал мораше да се задоволи со шестата позиција. Коенг стана првиот Швајцарец кој освоил злато на СП уште од 1997 година.

Веста е прочитана 50 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.