СКИЈАЊЕ

ХАНСДОТЕР НАЈБРЗА НА НОЌНАТА ТРКА ВО ФЛАХАУ

13 January, 2015 - 22:38

Фрида Хансдотер беше најдобра на шестата слаломска трка сезонава во Светскиот куп (СК) за Алпско скијање што се возеше под рефлектори во австрискиот зимски центар Флахау. Швеѓанката за втората победа во кариерата во СК беше побрза за 61 стотинка од Тина Мазе од Словенија и 63 стотинки од Американката Микаела Шифрин.

Хансдотер остана лидер во поредокот со слалом со 420 бодови, пред Шифрин (379 бодови) и Мазе (375).

Во Генералниот поредок нема промени кај водечките три скијачки. Мазе е прва со 857 бодови, втора остана Шифрин со 605, додека на третата позиција Австријката Ана Фенингер со 487 бодови.

Најдобрите скијачки во петок ќе возат спуст а домаќин ќе биде италијанскиот зимски центар Кортина Дампецо.

Веста е прочитана 50 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.