СКИЈАЊЕ

ГРОС ИЗНЕНАДИ НА СЛАЛОМОТ ВО АДЕЛБОДЕН

11 January, 2015 - 19:02
Стефано Грос победни на петиот слалом сезонава во Светскиот куп за алпско скијање што се возеше во швајцарскиот ски центар Аделбоден. Италијанецот до својата прва победа во кариерата во Светскиот куп откако во неизвесни две трки беше за само две стотинки побрз од Германецот Фриц Дофер и за три стотинки од Австриецот Марсел Хиршер.Со денешните 60 поени за третото место Хиршер е нов лидер во поредокот за слалом 376 бодови, додека Феликс Нојројтер кој остана без бодови денеска бидејќи не ја заврши првата трка е втор со 320.Во генралниот пласман Хиршер се зацврсти на првото место со 836 бодови, пред Норвежанецот Кјетил Јансруд со 624.
Веста е прочитана 52 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.