ФОРМУЛА 1

ЛУИС ХАМИЛТОН НОВ ШАМПИОН ВО ФОРМУЛА 1

23 November, 2014 - 16:46

Британецот Луис Хамилтон е нов шампион во Формула 1. Хамилтон победи на последната трка во Абу Даби и ја потврди титулата, за него ова беше 11 победа сезонава а вкупно 33 во кариерата. Хамилтон по втор пат стигна до шампионската круна во Ф1, претходно ,  успеа во 2008 година со Мекларен. Мерцедес победник кај контрукторите, за прв пат по 1955  година кога последен пат  дојде до престижната титула  предводен од легендарниот Фанџо.

КОНЕЧЕН ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 384 бода
2. Нико Розберг (Мерцедес) – 317
3. Даниел Рикардо (Ред Бул) – 238
4. Валтери Ботас (Вилијамс) – 186
5. Себастијан Фетел (Ред Бул) – 167

КОНЕЧЕН ТИМСКИ ПЛАСМАН

1. Мерцедес – 701 бод
2. Ред Бул – 400 бода
3. Вилијамс – 320
4. Ферари – 216
5. Мекларен – 181

Веста е прочитана 140 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.