ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД НА ПАТЕКАТА ИНТЕРЛАГОС

8 November, 2014 - 21:27

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја освои пол-позицијата откако попладнево имаше најдобро време во квалификациите на претпоследната 18 трка од формула 1 шампионатот што ќе се вози во недела на патеката Интерлагос во Сао Паоло за Големата награда на Бразил. 

Германецот Розберг имаше 0.033 секунди подобро време од тимскиот колега Луис Хамилтон. Разликата меѓу двајцата возачи во генералниот пласман е 24 бодови во корист на Хамилтон. 

За Розберг ова е беше 10 пол-позиција годинава или вкупно 14 во кариерата.

Во вториот ред ќе бидат Фелипе Маса и Валтери Ботас двајцата возачи на Вилијамс. Џенсон Батон на Мекларен имаше петто време, а светскиот шампион Себастијан Фетел ќе стартува од позицијата број шест. 

Веста е прочитана 152 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.