ФОРМУЛА 1

НИКО РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО САД

1 November, 2014 - 19:51

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ја освои пол позицијата за утрешната трка за ГН на САД која е 17 во календарот на Формула 1. Германецот Розберг, до деветатта пол позиција сезонава , дојде со време  1 минута  и 36 секунди , друштво во првиот стартен ред ќе му прави клупскиот колега Луис Хамилтон кој ќе стартува како втор, од третата трката ќе ја започне Валтери Ботас од Вилијамс. Борбата за титулата се сведува на возачите на Мерцедес, до крајот на сезоната остануваат вкупно три трки, во моментов лидер е Хамилтон пред Розберг со 17 бода предност.

Веста е прочитана 187 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.