ФОРМУЛА 1

ЛУИС ХАМИЛТОН ПРВ ПОБЕДНИК НА РУСКОТО ГРАН ПРИ

12 October, 2014 - 15:46

Британецот Луис Хамилтон е победник на руското  Гранд при, во рамките од Формула 1 шампионатот. Пилотот на Мерцедес, Хамилтон со супериорно возење прв ја мина целната рамина на патеката во Сочи, каде за прв пат се возеше трка за Големата награда на Русија. Хамилтон , ја забележа деветата победа сезонава  и вкупно 31 во кариерата, победничкото време, 1 час, 31 минута  и 50 секунди. Веднаш зад него трката ја заврши неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Нико Розберг.

Место на пиедесталот имаше и за возачот на Вилијамс, Валтери Ботас кој заврши како трето пласиран. 

На три трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон кој сега има 17 бодови повеќе од клупскиот колега Розберг. Следната трка се вози за ГН на САД, на програмата на 2 ноември.

Веста е прочитана 140 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.