ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН СЕДМИ ПАТ НА ПОЛ СЕЗОНАВА

11 October, 2014 - 19:07
Возачот на Мерцедес, Хамилтон оствари најдобро време на квалификациите возени на патеката во Сочи, каде утре (недела) ќе се вози трка, првпат за Големата награда на Русија. Веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде неговиоттимски колега и ривал за шампионската титула Германецот Нико Розберг. Од вториот стартен ред трката ќе ја започнат, возачот на Вилијамс, Валтери Ботас и Британецот Џенсон Батон од Мекларен.На четири трки до крајот од шампионатот, во генералниот поредок кај возачите води Хамилтон со 266 бодови, само  10 повеќе од клупскиот колега Розберг и 73 од Австралиецот Даниел Рикиардо на Ред бул. 
Веста е прочитана 150 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.