ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ВО ЈАПОНИЈА,ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ НА БЈАНКИ

5 October, 2014 - 09:53

Еден два победа за Мерцедес,Хамилтон повторно побрз од клупскиот колега Нико Розберг на трката во Сузука зачинета со многу дожд,прекини тежок инцидент на Жил Бјанки во болидот на Марусија кој излета од патеката ,поради што организаторот ја скрати трка од 53 на 44 кругови.Последните  километри на трката,слично како и на стартот,  пилотите ги возеа зад безбедносното возило, по инцидентот на  Сутил и на Бјанки кој излета на истиот свијок и удри во  возилото  кое  го расчистуваше претходното излетување.Французинот  Бјанки бил во бесознание и  е префрлен во болница.Според посоедните информации Бјанки има поивреди на главата и во тек е  оперативен зафат.

Во сенка на инцидентот,зад победникот Хамилтон и второпласираниот Розберг,за место на подиумот се избори Себастијан Фетел од  Ред Бул.Во генералниот пласман кај возачите,Хамилтон ја зголеми разликата пред Розберг на 10 бодови.До крајот на сезоната има уште четири трки.Следанта ќе се вози во Сочи за ГН на Русија.Терминот е 12 октомври.

Веста е прочитана 128 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.