ФУДБАЛ

ЗАНЕТИ СЕ ЗБОГУВА СО ИНТЕР

11 May, 2014 - 11:48

Соиграчите на Занети  се потрудија со победа да го испратат во заслужена пензија.

Интер го совлада Лацио со 4:1.

Занети во игра влезе во 55.минута и носеше специјално изработена капитенска лента со испишани имиња на сите фудбалери со кои играл во Интер изминатите 19 сезони. На лентата на Аргентинецот беше испишано и името на Горан Пандев.

По синоќешната победа Интер остана со големи шанси следната сезона да игра во Лига Европа.

За разлика од „неро-азурите“, шансите за излез во евро-куповите следната сезона ги загуби Верона која на домашен терен одигра само 2:2 со Удинезе и не направи исчекор кон горните позиции на табелата.

Двојки за денешните натпревари од претпоследното, 37.коло во Серија А: Аталанта – Милан, Болоња – Катанија, Каљари – Киево, Ливорно – Фиорентина, Сампдорија – Наполи, Сасуоло – Џенова, Торино – Парма и Рома – Јувентус.

Табела: Јувентус 96 бодови, Рома 85, Наполи 72, Фиорентина 61, Интер 60, Торино 55, Парма 54, Милан 54, Верона 54, Лацио 53,.

Веста е прочитана 1055 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.