СЕРИЈА А

ЈУВЕНТУС ПРЕД ТИТУЛА ВО КАЛЧОТО

29 April, 2014 - 10:03

 Фудбалерите од Торино синоќа на последниот дуел од 35.коло на гостински терен го совладаа Сасуоло со 3:1 и ја вратија предноста пред второпласираната Рома на осум бодови.

Домаќините дојдоа во водство преку Симоне Заза во 9.минута, а потоа следуваа три погодока за „Старата дама“. Алесандро Лонги (автогол 34.минута), Клаудио Маркизио (58) и Фернандо Љоренте (76) му ја донесоа победата на лидерот и шампион на Италија.Јувентус може да го обезбеди ’’скудетото’’ веќе следниот викенд кога ја пречекува Атлатна.Во меѓувреме,на 1.мај, Старата дама ја очекува реванш полуфинале со Бенфика во Европа лига.Португалците славеа на првиот меч со 2-1.

Претходно се одиграа и другите натпревари од овој круг: Рома - Милан 2:0, Интер - Наполи 0:0, Болоња - Фиорентина 0:3, Верона - Катанија 4:0, Сампдорија - Киево 2:1, Ливорно - Лацио 0:2, Торино - Удинезе 2:0, Каљари - Парма 1:0 и Аталанта - Џенова 1:1.

Табела: Јувентус 93 бодови, Рома 85, Наполи 69, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 52, Лацио 52, Верона 52,..

Веста е прочитана 48 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.