Македонската кошаркарска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство со пораз од Украина во Скопје со 68-73. Овој негативен резултат е само потврда за тоа дека сме далеку од европскиот кошаркарски врв, како во минатото, бидејќи во групата Г останавме со шест порази од исто толку натпревари.
Нашите кошаркари можеби го одиграа најдобриот натпревар во овој циклус, но ниту тоа не беше доволно да се простиме со победа. Украинците се чини го направија главниот чекор кон триумфот со фантастичната прва четвртина што ја добија со 21-35. Нашите кошаркари се обидуваа да се вратат и да се изборат за позитивен резултат, но ривалот не попушти во ниту еден момент. Конечните 68-73 се најмалиот пораз за Македонија во овие квалификации.
Андреј Јакимовски со 17 поени и девет скока беше најдобар во нашиот тим, а двоцифрене ефект имаа и капитенот Војдан Стојановски со 15 и Бојан Крстевски со 13 поени.
На вториот натпревар во нашата група Грузија ѝ го нанесе првиот пораз на Шпанија во квалификациите со 82-76 по продолженијата.