Интервју со Сања Арсовска

13 October, 2017 - 14:20
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Сања Арсовска

Улогата на младата и убава секретарка во Инсајдер и беше доделена на Сања Арсовска. Со оваа прекрасна и талентирана актерка зборувавме за серијата, а покрај некои детали таа го сподели и своето мислење за значењето на македонските серии и зошто е важно тие да продолжат да се снимаат.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?

СА: Напорно, забавно, смешно, нервозно, убаво, позитивно.

Инсајдер: Која е најдобрата/најлошата особина која ја има твојот лик?

СА: Мери не ја красат некои позитивни особини, напротив, полна е со бескрупулозност, користољубие, себичност.

Инсајдер: Омилена реплика?

СА: ”Сите ми се смеат кога ќе кажам дека Кинезите ќе го освојат светот.”

Инсајдер: Кој е најголем број пати што повтори една сцена?

СА: Не знам, четири пати?

Инсајдер: Која е главната порака која оваа серија ја испраќа на македонската јавност?

СА: На гледачите ќе им се овозмoжи да ја доловат сликата и условите во кои работи еден медиум. Ќе се прати порака како треба и како не треба да функционираат медиумите кои го креираат јавното мислење преку неетичноста на едни, за поткупливоста на други, за доследноста во објективното известување на трети новинари…

Инсајдер: Порака за крај?

СА: Да продолжат да се снимаат македонски серии. Државните органи да имаат воља и да обезбедуваат средства за нивна реализација, затоа што телевизиските серии во себе, освен уметнички, носат и потенцијал за општествена промена. Поблиску се до публиката од било која друга уметничка форма и нивното постоење е важно за културолошкиот развој на државата.

Веста е прочитана 442 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.