Вести Свет Топ вести

Насилство на Хаити – САД ги повикаа своите државјани да ја напуштат земјата

Стејт департментот им наложи на владиниот персонал и нивните семејства да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради криминалот и граѓанските немири во земјата.

Стејт департментот, исто така, ги повика оние граѓани на САД кои не работат за владата да го напуштат Хаити што е можно поскоро. Во соопштението се наведува дека киднапирањата на американски државјани се широко распространети на Хаити.

На Хаити владее насилство од вооружени банди, предизвикувајќи хуманитарна криза и раселени десетици илјади луѓе поради честите киднапирања, силувања, мачења и убиства.

Хаити не избра нов лидер, откако претседателот Жованел Моиз беше убиен на 7 јули 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претседателски избори 2024 – хроника 15.04.2024

Дејан Дејан

Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран, сега ги разгледува своите следни чекори

Дејан Дејан

(видео)Адамчевски во Топ Тема: Нетанјаху не е човек од доверба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе