За нашиот тим

13 October, 2017 - 12:06
Инсајдер | Наскоро
4инсајдер | бр. 001

ЗА НАШИОТ ТИМ

Мирела (35),
репортер

Мирела е задолжена за интервјуата во Инсајдер за кои темелно се подготвува. Не е новинар по образование, но има посебен талент за оваа работа. Таа знае да извлече се од луѓето, па дури и тоа што тие никако не сакаат да го откријат. Мајка е на една ќерка. Посветен родител кој успева да најде баланс помеѓу работата и мајчинството.

Антонија (25),
фоторепортер

Најмладиот член на екипата на Инсајдер која и покрај својата младост ги има исчекорено повеќето скалила на занаетот. Антонија е талентиран фотограф со око за атрактивни фотографии. Исполнителена и посветена на својата работа, Антонија е секогаш во сржта на настаните. Каде што вистинските нешта се случуваат таму е Антонија. Има доста либерални ставови и поглед кон животот.

Мери (28),
Секретарка

Секретарка во Инсајдер е младата и атрактивна Мери. Таа е запознаена со сите случувања во редакцијата, но знае добро да чува тајни. Заинтересирана е за изучување на странски јазици. Моментално учи кинески. Смета дека тоа ќе и отвори можности за посветла иднина поради се поголемото глобално влијание на Кина.

1 2 3 4
Веста е прочитана 1119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.