За нашиот тим

13 October, 2017 - 13:16
2инсајдер | бр. 001

ЗА НАШИОТ ТИМ

Лазар (64),
сопственик и директор на Инсајдер

По професија економист. Високо образован со магистратура по менаџмент во Лондон (London Business School), како и докторат од Економскиот факултет во Загреб. Неговото претходно работно искуство вклучува: директор на неколку претпријатија до 90тите години, професор на институт и заменик-министер за економија во владата на РМ. Политички доста активен во минатото. Дава оставка на сите партиски функции и се посветува на медиумскиот бизнис. Моментално е сопственик и директор на дневниот весник „Дневна хроника“ и неделникот „Инсајдер“. Во приватниот живот е татко и активен хуманитарец.

Наталија (45),
главен уредник во Инсајдер

Дипломиран новинар по професија со долгогодишно искуство во струката. Целиот живот е посветенa на новинарската професија. По однос на уредувањето се карактеризира како конзервативец кој што избегнува сензационализам и егзибиции со објавување на непроверени информации. Тоа е во контраст со нејзините политички убедувања каде што е деклариран либерал. Не прави компромиси за криминал и политички афери кога има релевантни докази.

Тихомир (51),
Заменик главен уредник во Инсајдер

Дипломиран новинар и правник. Има долгогодишно работно искуство во новинарското поле каде што ја поминува целата своја кариера. Неговото богато новинарско искуство го има однесено низ редакциите на некои од нашите најпознати дневни весници како „Нова Македонија“ и „Вечер“. Се приклучува во тимот на Инсајдер на повик на главната уредничка Наталија. Тихомир е вреден, лојален и предан на својата работа. Важи за едно од најострите новинарски пера во државата. Во неговите колумни ретко кој останал поштеден и неговиот псeвдоним е добро познат на пошироката јавност.

1 2 3 4
Веста е прочитана 1602 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.