Вести Свет Топ вести

Драма на Атлантикот – Исчезна подморница со туристи кои платиле за разглед на остаторците од потонатиот Титаник

Драма се случува во Атлантскиот Океан. Подморница која превезува туристи на разглед на остатоците од потонатиот брод Титаник исчезна во океанот со екипажот и неколку туристи во неа. Во тек е потрага.

Не е јасно колку луѓе имало во подморницата во моментот. Ова е една од малите подморници на компанијата Оушан Гејт, наречена Титан, и само таа може да се спушти до остатоците на славниот брод кој лежи на речиси 4 илјади метри под вода. Компанијата наплаќа по 250 илјади долари по човек за ваква туристичка експедиција длабоко во морето која трае осум дена. Целосното нуркање до потонатиот брод, вклучувајќи спуштање и искачување, трае осум часа. Подморницата е голема колку камион и во неа може да има пет лица, пилотот, тројца гости и еден стручњак за патувањето, како и залихи на кислород за 4 дена.  Титаник, кој беше најголем брод на времето, удри во санта мраз на првото свое патување од Саутемтон до Њујорк во 1912-та година. Од 2.200 патници и екипаж, повеќе од 1500-тини загинаа.

Не се знае кога подморницата го прекинала контактот со крајбрежната стража, но експертите јавуваат за неколку можни сценарио зошто се случил овој инцидент. Истакнуваат дека самата операција на спасување е тешка бидејќи самиот потонат брод лежи на ровко тло кое лесно се заматува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе