Вести Македонија

Акција за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење, соопштија денеска од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на „ЕСМ Снабдување со топлина“, се наведува во соопштението.

Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје посочуваат дека по завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги, информираат од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Гласајте, со негласање не правите ништо – Агелер со порака до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе